ПРАВО НА ШТРАЈК И ДОЗВОЛЕНИ ОГРАНИЧУВАЊА ВО НЕГОВОТО ОСТВАРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКОТО РАБОТНО ЗАКОНОДАВСТВО
Journal
Свет на Работата - Македонско научно и стручно списание за трудово и социјално право, Број 1/2023, Скопје, Година 1
Date Issued
2023
Author(s)
Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Abstract
Правото на штрајк како фундаментално човеково право, кое експлицитно или
имплицитно е признаено од страна на најзначајните универзални и регионални
инструменти за човекови права, ужива статус на позитивно право и во маке-
донското работно законодавство. Во последните неколку години, македонските
индустриски односи се карактеризираат со пораст на бројот на штрајкови, ор-
ганизирани првенствено во јавниот сектор. Причини за зачестеното штрајку-
вање вообичаено се барањата на синдикатите за зголемување на платите на вра-
ботените регулирани со колективни договори, како последица на значителното
зголемување на националната минимална плата. Во вакви околности, правото
на штрајк, правната рамка во која се остварува и дозволените ограничувања во
неговото применување, стануваат сѐ поактуелни прашања во контекст на маке-
донските индустриски односи. Целта на овој труд е да проникне и критички да ги
преиспита споменатите прашања, истовремено нудејќи корисна правна подлога
за идното регулирање на правото на штрајк во „пресрет” на усвојувањето на
новиот Закон за работните односи во земјата.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
(Електронска верзија) СВЕТ НА РАБОТАТА 1-2-1.pdf
Size
926.71 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bea9b21822f6102ba2d248e3a6439f4b