Подобрување на разбирањето на емоциите кај ученици со нарушување од аутистичен спектар – евалуација на компјутерска интервенција
Date Issued
2017
Author(s)
Василевска Петровска, Ивана
Abstract
Вовед: Способноста за препознавање на афективните лицевите експресии кои пренесуваат витални невербални знаци за толкување на однесувањето на другите луѓе, претставува основа на социо-емоционалните компетенции, чиј дефицит се смета за главен извор на функционалната попреченост и за критичен аспект на интервенциите за подобрување на функционирањето кај АСН. Потребата од едукативни интервенци кои можат да ги приближат учениците со АСН до нивните врсници во однос на овие вештини е консензуалнa. Компјутерската технологија нуди уникатен модалитет за едукација и третман, комплементарен на традиционалните пристапи, чиј потенцијал допрва треба да се потврди и реализира.
Цел: Ова истражување ја евалуира ефикасноста на нова едукативна интервенцијa за подобрување на разбирањето емоции во однос на три нивоа на компетенции: препознавање на основните афективни фацијални експресии од фотографии, од шематски прикази-пиктограми; и идентификување на емоции од социјален контекст.
Методи: Применивме рандомизиран експериментaлен метод со две изедначени групи. Експерименталната група (n=16) ја користеше програмата 12 часа (60 мин. неделно), додека контролната група (n=16) не беше вклучена во било каква интервенција или обука надвор од вообичаената наставна програма во соодветното училиште.
Резултати: Четири последователни ANCOVA анализи, со контрола за коваријатите степен на аутистично нарушување и возрастa на субјектите, покажаа дека во однос на контролната група, екперименталната група демонстрираше подобри вкупни постигнувања (на ниво на значајност α=0.01) на тестот за разбирање на емоции. Ефектот е најголем кај препознавање емоции од шематски цртежи, каде екперименталната група има значајно подобри постигнувања на ниво на α= 0.01. Кај способностите за препознавање емоции од реални лица т.е. фотографии, и идентификување на емоции од социјален контекст експерименталнaта група покажа подобри постигнувања на ниво на α= 0.05.
Заклучок: Компјутерската интервенција се покажа ефикасна во подобрување на разбирањето емоции кај учениците со АСН, на сите три нивоа на компетенции. Подобрувањето е генерализирано и кај емоционални експресии на претходно непознати лица. Иако охрабрувачки, нашите резултати претставуваат само прв чекор во развојот на сеопфатен курикулум за поддршка на емоционалното разбирање како исклучително важен дел од вкупните социо-емоционални компетенции на учениците со АСН.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Magisterska-Ivana Vasilevska Petrovska.pdf
Size
2.65 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):940e1f11662f31ad91e1a756cb0f8ea6