Мобинг и димензии на мобинг во работните организации во државен и приватен сектор
Date Issued
2020
Author(s)
Георгиева, Симона
Abstract
Предмет на истражување во овој магистерски труд е мобингот во работните организации од државен и приватен сектор. Истражувањето е спроведено на 200 испитаника на територијата на градот Скопје кои се вработени во организации од државен и приватен сектор. За целите на истражувањето е користен анонимен прашалник кој се состои од 21 прашање од затворен и отворен тип. Обработката на податоците добиени со прашалникот овозможи да дојдеме до наоди за: значењето на мобингот и неговата казнивост, за свеста на вработените за изложеноста на мобинг, за преземените активности при изложеност на мобинг на работното место, како и за информираноста на вработените за димензиите (видовите) на мобинг со кои се соочуваат вработените на своите работни места. При обработката на резултатите, покрај тоа што е ставен акцент на секторот во кој се вработени лицата кои го сочинуваат примерокот, направена е и споредба во однос на поставените хипотези и од аспект на нивниот пол, нивното образование и нивната календарска возраст. Врз основа на добиените наоди се изведени бројни заклучоци согласно истражувачките варијабли, од кои произлегуваат и препораките за превенирање на состојбите кои водат до вознемиреност на работното место.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
sigeorgieva2020.pdf
Size
2.28 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):823c44571eecabb215ad44608bf6253a
