(ЗЛО)УПОТРЕБАТА НА ВЕТИНГОТ ПРИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС
Journal
Свет на работата: Македонско научно и стручно списание за трудово и социјално право, Година 1 Број 1/2023
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Низ пошироката јавност во нашата држава често се заговара спроведувањето
на ветинг. Таквото заговарање на ветингот најчесто станува актуелно при обе-
лоденување на големи корупциски скандали, скандалозни судски одлуки, непоти-
зам, партитокрација итн. Станува збор за механизам кој треба да придонесе
кон прочистување на државните институции од некомпетентни и корумпирани
кадри. Сепак, ваквото заговарање на ветинг во нашата држава е следено без
поголема научна дебата. Таквата научна дебата е потребна бидејќи ветингот
претставува еден од најконтроверзните механизми на транзиционата правда.
Токму затоа транзиционоправната наука најчeсто ветингот го предлага како
решение од крајна нужда, односно во состојба кога редовните институции не по-
седуваат капацитет да се справат со степенот на корупција. Притоа, науката и
релевантните меѓународни организации нудат насоки како еден процес на ветинг
треба да биде креиран и спроведуван. Придржувањето до овие насоки е од клучна
важност за целиот процес бидејќи ветингот како механизам поседува капаци-
тет да биде злоупотребен за партиско-политички цели. Таквата злоупотреба на
ветингот на крајот може да доведе до уште полоша состојба во едно општест-
во. Таквата лекција македонското општество ја научи преку спроведувањето на
скандалозниот процес на лустрација. Затоа, трудот има за цел да го дефинира
ветингот, да ги разгледа предностите и слабостите на овој механизам, но и да ги
разгледа насоките од релевантните меѓународни организации околу креирањето
и спроведувањето на ветингот како механизам на транзиционата правда.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
8. Електронска-верзија-СВЕТ-НА-РАБОТАТА-1.pdf
Size
964.99 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bbd7eb438f633315af8393bdcacccfbe