Социјална инклузија на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа
Journal
Ревија за социјална политика
Date Issued
2015
Author(s)
DOI
UDK:364-25-056.34-053.2
Abstract
Интегритетот на личноста на човекот е основа на неговиот општествен статус, па поради тоа без обѕир на развиеноста на општеството, поединецот води перманентна битка за негова афирмација и егзистенција. Битката на социјализација, процес на интеракција во која новиот член во општествената заедница усвојува знаења, вештини, навики, норми, вредности и други сознанија што се неопходни за успешно интегрирање во општествената група или во пошироката заедница е многу потешка и подолготрајна за лицата со различен степен и вид на инвалидност.
Целта на нашето истражување беше да се утврдат взаемните односи во семејството како и во средината, со врсниците, наставниците и некои лични особини како: дружељубивост, доминантност и љубопитност на децата со интелектуална попреченост и децата со церебрална парализа. Применувајќи ги каузалниот и методот на дескриптивна анализа, техниката на тестирање и тестот на Рене Жил за испитување на социјални и семејни односи, беа собрани податоците од примерок составен од 12 деца со церебрална парализа на возраст од 5 до 20 години и 28 деца со лесна интелекутална попреченост на возраст од 7 до 20 години. Податоците беа табелирани и статистички обработени со примена на хи- квадрат тестот.
Анализата на резултатите посочи дека двете групи на испитаници на помала возраст се повеќе приврзани за мајката, но во подоцнежниот период преовладува поврзаноста на момчињата со таткото и копирањето како модел, од останатите групи се забележува поголема приврзаност кон наставникот. Разлика помеѓу групите се забележува во дистанцираноста и адекватното социјално однесување, кај момчињата со интелектуална попреченост и девојчињата со церебрална парализа се забележува поголема дистанцираност и адекватно социјално однесување.
Можеме да заклучиме дека двете групи не се приспособени во целост кон луѓето и средината која ги опкружува.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
социјална инклузија.pdf
Size
1.37 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):279ac54b613b9644606ad3c21eeb69ee