Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Степен на функционална активност на учениците со попреченост во редовните училишта
Details

Степен на функционална активност на учениците со попреченост во редовните училишта

Date Issued
2022
Author(s)
Танеска, Симона
Abstract
Лицата со попреченост се со долготрајни физички, ментални, интелектуални или сетилни оштетувања кои, во интеракција со одредени бариери, можат да го попречат нивното целосно и ефективно учество во општеството на еднаква основа на другите. Најголем дел од учениците со попреченост денес се вклучени во редовните училишта, но треба да се запрашаме за нивниот степен на функционалност во тие училишта, односно дали овие ученици добиваат квалитетно образование. Целта на ова истражување е да се утврди степенот на самостојно функционирање на учениците со попреченост во рамките на инклузивните училишта: да се види влијанието на видот и степенот на попреченоста, влијанието на возраста кај учениците со попреченост и влијанието на полот кај учениците со попреченост во нивното самостојно функционирање во рамките на инклузивните училишта. Инструмент: индивидуални досиеја на испитаниците и скала за проценка на „Училишната евалуација за окупациона терапија“. Популација и примерок: Во ова истражување се вклучени 45 ученици со попреченост (по пет ученици од прво до деветто одделение) и 45 ученици со типичен развој (по пет ученици од прво до девето одделение). Учениците се од седум инклузивни училишта во општина Прилеп. Резултати: Учениците со попреченост во редовните училипшта во општина Прилеп имаат потреба од минимална помош при нивната функционална активност што се гледа од добиените резултати каде што во 85,75 % од сите активности кои се испитуваат преку инструментот, овие ученици имаат просечна оценка од 1,5 до 2,5. Учениците со типичен развој 100 % се независни при изведување на функционалните активности и, споредбено со резултатите од учениците со попреченост, се многу подобри. Женските ученици со попреченост дадоа подобри резултати во однос на машките ученици со попреченост и учениците со попреченост од шесто до деветто одделение дадоа подобри резултати во однос на учениците со попреченост од прво до петто одделение, но сепак и на двете групи ученици им е потребна минимална помош во сите сфери на функционирање во инклузивните училишта. Со сето ова се потврдува основната хипотеза на ова истражување која гласи: „Учениците со попреченост ќе имаат послаби функционални способности и ќе бидат во поголем степен зависни при изведување на училишните активности“.
Subjects

ученици со попреченос...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

staneska2022.pdf

Size

2.23 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):26c54245eff35380a72577ccfdf49703

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify