Влијанието на националната култура во Меѓународниот бизнис
Date Issued
2022-11
Author(s)
Каса-Јашари, Мимоза
Abstract
Во рамките на истражувачките напори во меѓународниот менаџмент постои силен фокус на прашањата поврзани со културата. Како феномен зборот култура може да се однесува на тоа како одредени држави се разликуваат меѓу себе по културaта како поширок општествен
контекст, а друго нешто што треба да се препознае е културата внатре во организацијата, а дополнително може да се дискутира за тоа како културата влијае врз функционирањето на една странска компанија. Можеби најпознатата дефиниција се однесува на тоа да се опише културата како „начинот на кој ги правиме работите овде“ (Shein,1980). Организациската култура се манифестира во типичните карактеристики на организацијата, со други зборови, организациската култура треба да биде одраз на прифатливиот начин на кој работите
се прават или треба да се разберат проблемите во организацијата. Широко е прифатено дека организациската култура е дефинирана како длабоко вкоренети вредности и верувања кои се споделени од персоналот во една организација, односно претпоставки, верувања и
норми кои ги поврзуваат членовите на организацијата кон остварување на нејзините цели (Shein, 1959). Hofstede (1980), дополнително ја истакнува пред сè комплексноста на
културата која може исто да се дефинира како збир на вредности, но кои одвојуваат една група луѓе од друга (Hofstede,1980). Од голема важност е да се разбере на каков начин се поставени културните вредности на одредено место, поради тоа што општествената култура несомнено влијае врз вредностите на работното место. Mенаџерите често ја користат организациската култура за да ја диференцираат нивната компанија од другите компании (Weber, Tarba, 2012).

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
6.3 2022 Godishnik.pdf
Size
1.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):700f0ae98985b27ab25afaa3d0194a2e