Влијанието на дигитализацијата на европската економија и општество
Journal
Годишник на Економски факултет - Скопје, том 55
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Во тековната година гледаме како Европската Унија (ЕУ), а и светот се соочуваат со пандемијата предизвикана од болеста Ковид-19. Новиот тип на коронавирус го стави на тест функционирањето на сите досегашни познати механизми. Но, ЕУ во последните две декади освен со пандемијата се соочи и со многу други кризи: Глобалната економска криза од 2007/2008 година, должничката криза, мигрантската криза од 2015 година, кризата поврзана со Брегзит-от од 2016 година. Исто така, ЕУ повеќе од 80 % од потрошувачката на нафта и 60 % од потрошувачката на природниот гас ги обезбедува од странски извори. На овој начин станува многу чувствителна на енергетски кризи. Понекогаш неодговорните политики на одредени држави во рамките на ЕУ, предизвикуваат значајни проблеми за Унијата. Единствено решение, ЕУ да се справи со овие проблеми така како што успешно се справувала со минатите е да го прифати предизвикот на новата дигитална ера. Во оваа нова ера промените се толку длабоки што од перспектива на човековата историја никогаш порано немало период на поголема надеж, или поголема опасност. Следуваат радикални промени во нашите животи, начини на работа и односи. Сите земји членки на ЕУ, и поразвиените и земјите во развој ќе треба да ги увидат и да ги применуваат промените во начините на водење на дипломатијата, образованието, здравството, функционирањето на фирмите и во многу други области.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Merdzan - Godisnik-2020 (2).pdf
Size
267.94 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):cc78797ec6417ef0fe21483545f7ae5c
