Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции
  4. Семејството и религиските вредности
Details

Семејството и религиските вредности

Date Issued
2018
Author(s)
Abstract
Религијата претставува составен дел од животот на верниците. На нашите простори таа е длабоко испреплетена со традицијата, семејните вредности и културното наследство. Истражувањата покажуваат дека најголем дел од граѓаните во Република Македонија се дефинираат себе си како верници (91%), меѓутоа ако навлеземе во детална анализа ќе видиме дека најчесто, станува збор за традиционални верници, кои не немаат стручни познавања за религијата, ниту пак целосно се придржуваат кон религиските начела и практики. Разбирањето на религијата кај треадиционалните верници се сведува на почитување на традицијата и религиските обреди и ритуали кои се негуваат со генерации. По осамостојувањето на Република Македонија, започнува долг период на ревитализација на религијата, која се карактеризира со промена на религискиот систем, секуларизација на религијата, зближување на политичката и религиската елита, обидите за воведување на религиско образование итн. Во овој период се забележува пад на моралноста кај младите генерации која се манифестира со зголемување на девијантните појави во македонското општество: алкохолизам, наркоманија, проституција, малолетничка деликвенција, насилство итн. Во јавноста се добива впечаток дека младите не се се заинтересирани за религијата и не се придржуваат кон основните религиски начела, односно дека слабеат религиските и воопшто семејните вредности. Овој труд има за цел да ги оцени ставовите на младите луѓе поврзани со нивните религиски вредности, да дојде до сознанија за влијанието на семејството врз религиските вредности и практики. За таа цел е спроведено истражување врз шеесет испитаници кои се православни и припаѓаат на три различни генерации (од 18 до 36 години).
Subjects

семејство, религија, ...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Семејството и религиските вредности.docx

Size

277.52 KB

Format

Microsoft Word XML

Checksum

(MD5):52de341abb6823b4aea8e26d0d9d1021

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify