Фонолошко-артикулациски нарушувања кај децата на возраст од 3 до 6 години
Date Issued
2020
Author(s)
Ѓошевска, Ивана
Abstract
Фонолошко-артикулациските нарушувања се најчестата форма на промени кои настануваат во говорот. Овие нарушувања можат да се јават на ниво на артикулацијата исто како што можат да се базираат на лексиката. Оттука може да се објасни фонолошкото ниво кое ги поврзува артикулацијата и лексиката. Основна цел на ова истражување е да се добие сознание за фреквенцијата на фонолошко-артикулациските нарушувања кај децата од предучилишна возраст. Во истражувањето се опфатени 92 испитаници, деца со типичен развој од предучилишна установа на возраст од 3 до 6 години. Резултатите добиени од ова истражување упатуваат на добри артикулациски постигнувања кај испитаниците во двете групи од сите возрасти. Не постои статистички значајна разлика во појавата на артикулациските нарушувања меѓу двете групи, исто како и во однос на полот кај сите возрасти. Имено, најмала успешност во изговорот кај гласовите има во финалната позиција, додека, пак, најмногу артикулациски нарушувања има во групите на африкатите и фрикативите. Најзастапено артикулациско нарушување кое се јавува кај сите испитаници е дисторзијата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
igjoshevska2020.pdf
Size
1.6 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):d1fe45d4ed0d21d4e48eda7758decf04
