Програма за сексуална едукација: влијание врз знаењата и ставовите на лицата со попреченост за сексуалноста
Date Issued
2014
Author(s)
Младеновска, Бисера
Abstract
Вовед: Сексуалноста кај лицата со попреченост многу често се негира првенствено од најблиското опкружување (родителите, семејството и терапевтите), па потоа и од пошироката социјална средина, а токму во овој сегмент овие лица се соочуваат со најголема дискриминација и маргинализација. Една од превентивните мерки која би била ефективна за надминување на овој проблем е вклучувањето на лицата со попреченост во соодветно дизајнирани сексуално-едукативни програми. Во македонски контекст ова претставува проблем бидејќи овие лица многу малку имаат прилика и можност да бидат вклучени во програма за сексуална едукација.
Цел: Целта на истражувањето е да испита какви промени настануваат во знаењата и ставовите кај лицата со попреченост по активното учество во програма за сексуална едукација спроведена од Х.Е.Р.А.
Методи: Во студијата се користат неколку методи и техники за прибирање на податоци од испитаниците пред учеството и по завршувањето на програмата за сексуална едукација: интервју (преку апликација на Прашалник за испитување на општото знаење за сексуалноста; Интервју за испитување на ставовите и мислењата за сексуалноста и Профил на испитаникот) и опсервација. Во анализата на резултатите се користеа t-test за прикажување на промените во иницијалното и финалното мерење и коефициент на корелација за да видиме какво е влијанието меѓу одделните варијабли. Како статистички значајни беа земени разликите на ниво од р<0.05.
Резултати: Анализата покажува дека знаењата за сексуалноста кај испитаниците кои учествувале во едукативната програма, значително се подобриле меѓу првото и второто мерење. Најголеми промени беа забележани во сегментите на контрацепција и бременост, социо-сексуално прифатливо однесување во приватен и јавен простор, интимна хигиена и сексуално преносливи болести.
Второто интервју открива повеќе позитивни ставови и мислења на испитаниците за партнерските и интимните врски, како и за склопување на нови пријателства.
Заклучок: Истражувањето посочува на позитивни ефекти од програмата за сексуална едукација врз знаења и мислењата на лицата со попреченост за сексуалноста. Соодветно креирани програми кои одговараат на развојните потреби на личноста допринесуваат кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Bisera Mladenovska-magisterska.pdf
Size
1.26 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):4ab4ebbdc48ae36d0985b8805c4c2c53