Поглед кон иднината – Македонската професионална дипломатија како иден дел од Европската служба за надворешни работи
Journal
https://article1.mk/2019/06/02/stav-2/
Date Issued
2019
Author(s)
Јулија Брсакоска Базеркоска
Abstract
Нашата држава, членството во Европската Унија го поставува како еден од своите надворешно политички приоритети. Зачленувањето во Унијата опфаќа бројни аспекти кои треба да бидат усогласени со стандардите на ЕУ – почнувајќи од политичките критериуми за демократските капацитети, владеењето на правото и заштита на основните човекови права; преку економските критериуми за градење на функционална економија која ќе може да се носи со европскиот пазар и до критериумите за ефективно градење институционални капацитети за имплементација на европското законодавство – acquis communautaire. И покрај тоа што, вклучувањето на нашата дипломатска служба во работата на Европската служба за надворешни работи ќе дојде малку подоцна, односно со нашето стапување во членство на Унијата, сепак, прашањето кое се поставува е – што тоа членство од аспект на професионализација на нашата дипломатска служба би значело за нас сега? Денес, повеќе од потребно е да се посвети внимание на реобмислување на начинот на именување во македонската дипломатија.
Subjects
