Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)
Details

Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)

Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Во статијата се истражува негативната теологија употребувана од страна на Џон Скот (Ериугена) во делото „За поделбата на природата“, како јадрена структура во неговиот онтолошки систем. Апофатичките ставови се круцијални во експозицијата на Ериугена на позицијата и улогата на Бог, а со тоа и на слoженото функционирање на четирите поделби на природата и неговиот концепт за петте начини на интерпретација на постоењето. Основните категории во неговиот систем на природата се покажани, заедно со најсилните тврдења за неискажливоста и неспознатливоста на Бог, за потем да се анализира неговата методолошка рамка на катафатичката и на апофатичката теологија во пристапувањето кон непристапната, натсуштинска, неразбирлива природа на божественото. Ставовите на Ериугена за вредностите и значењето на двете гранки на теологијата ги поставуваат не во конфликт или меѓусебно недоразбирање, туку како комплементарни и во постојана хармонија. Најголем дел од текстот се однесува на претпочитањето на Ериугена на негациите од апофатичката теологија во говорењето за Бог, заедно со очигледната свесност дека заслугите на катафатичката теологија се исто така значајни во изразувањето на трагата од Бог како манифестација во создадениот свет; како и на неговиот дијалектички маневар на нагласување на важноста на повеќе-отколку формулациите за божјата натсуштинскост. Затоа, разгледани се идеите на Ериугена за формулите што по форма се афирмативни, а по значење негативни, за да се покаже неговото разбирање на предностите на синтезата на катафатичката и апофатичката теологија, во форма на „хиперфатичка“ теологија што го изразува Бог како неизразлив (бидејќи е повеќе отколку изразлив).
Subjects

Ериугена, бог, апофат...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

04. 29a. Nespoznatlivosta i neiskazlivosta na Bog spored Dzon Skot (Eriugena)_GZ 19_todorovska_MK.pdf

Size

333 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):8e117a45850243b400e9b482cc6268f6

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify