Потребата од заштита на критичната инфраструктура - со осврт на обезбедувањето на сообраќајната инфраструктура на Република Македонија
Date Issued
2020
Author(s)
Марковски, Сашо
Abstract
Овој магистерски труд во својот фокус ја опфаќа темата за заштита на критична инфраструктура, конкретно секторот сообраќајна критична инфраструктура, со посебен осврт врз патната сообраќајна мрежа, критичните точки како тунели и мостови, итн. Транспортот на опасни материјали, како и преносот и складирањето на нафта и природен гас. Методологијата за изработка на овој труд се состои од квалитативна анализа на релевантни податоци добиени од официјални документи, национални закони и меѓународни регулативи, како и релевантни статистички, квантитативни податоци од отворени извори. Резултатите од овој труд се однесуваат на практичната примена на мерките кои треба да се преземат за обезбедување оптимално ниво на безбедност на системите на критична инфраструктура, на национално и на меѓународно ниво. Главната хипотеза на овој труд се синтетизира на иницијативата за сеопфатен меѓу секторски пристап во справувањето со овие актуелни прашања и развивање на концептот на резилиентност. Ограничувањето на ова истражување се огледува во фактот што и покрај сите заложби и сеопфатни напори, не може да биде гарантирана инегрална безбедност на овие сложени и меѓузависни системи, поради бројноста и хибридноста на заканите кои ги прават овие системи ранливи.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
samarkovski2020.pdf
Size
854.71 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6eb4158ec9da0d87af26b8b567569cc0
