За потребата од уредување на нотарскиот тестамент во македонското наследно право – de lege ferenda
Date Issued
2017
Author(s)
Ангел Ристов
Abstract
Нотарскиот тестамент е еден од најчесто практикуваните тестаменти во Европските држави. Во македонското наследно право, оваа форма на тестамент изречно не е предвидена и покрај тоа што тестаментот составен од нотарот егзистира во правниот живот речиси две децении. Во трудот, авторот прави подробна анализа на законските решенија со цел да докаже дека постојат повеќе разлики помеѓу судскиот и нотарскиот тестамент. Токму формата на нотарскиот акт во која овој тестамент се составува, меѓу другото, е differentia specificae која го прави овој вид на тестамент sui generis, различен од судскиот тестамент. Врз основа на посочените и аргументирани разлики, како и решенијата од споредбеното право, авторот се залага за подробно уредување на нотарскиот тестамент во Граѓанскиот законик на Република Македонија и Законот за нотаријат.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Ohrid School of law 2017 TOM 6.pdf
Size
4.6 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):5713add4d9937cd02b37d42b6d912784
