“СОЦИО-ЕКОНОМСКОТО ВЛИЈАНИЕ НА КОВИД-19: МАКЕДОНСКИОТ СЛУЧАЈ СО РАЗВОЈ НА Е-ТРГОВИЈАТА”
Journal
Зборник на трудови од Четврта Меѓународна Научна Конференција „ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ТУРИЗМОТ И БИЗНИС ЛОГИСТИКАТА ВО 21 ВЕК“
Date Issued
2021
Author(s)
Анета Стојановска-Стефанова
Марија Магдинчева-Шопова
Христина Рунчева Тасев
Abstract
Коронавирусот го промени досегашниот начин на функционирање на поединците, компаниите и државите воопшто. Пандемијата остави последици во речиси сите сегменти на општественото живеење, а намалениот промет кај компаниите беше мотив за дигитализација на услугите. Многу компании и институции кои во минатото не овозможуваа услуги по електронски пат почнаа да користат алтернативните начини за пласирање на нивните производи и услуги на онлајн начин. Трудот ќе го презентира истражувањето на авторите за онлајн купувањето направено за време на пандемијата во 2020та година, а ќе даде и осврт на предизвиците со кои се соочува развојот на е- трговијата и ќе понуди адекватни заклучоци кои би можеле да бидат применливи во иднина.
Македонците, според официјалните податоци достапни од Народната Банка, во првите шест месеци од 2020 година направиле промет од 4,3 милијарди денари со платежни картички кај домашните интернет продавници што е раст од 113% споредбено со првите шест месеци од 2019 година. Според официјалните податоци, во јуни 2020 година имало 1.223 виртуелни места на продажба, односно е-продавници, што преставува раст од 20% во однос на декември 2019 година. Oвие податоци како и сознанијата до кои дојдоа авторите во своето истражување ја потврдуваат основната хипотеза дека кризата предизвикана од Ковид-19 позитивно влијаеше на развојот на е-трговијата во нашата држава.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
4665-Article Text-7991-1-10-20211207.pdf
Size
1.34 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):21f577ebc89c03033203e87f5a9f4ec1