ЕВРОПСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО И СУДOT НА ПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Date Issued
2017-09-07
Author(s)
Апостоловска Степаноска Милена
Abstract
Истражувањето се базира на одлуките на Судот на правдата на Европската Унија во однос на правата кои произлегуваат од европското државјанство. Авторот на истражувањето тврди дека Суд за правда на ЕУ е институција која секогаш при донесување на одлуки, кои се однесуваат на европските граѓани има во предвид тие да се во насока на создавање на чувство на припадност на европските граѓани кон Европската унија. Со цел да ја докаже оваа теза, авторот прави една кратка ретроспективна анализа на најважните одлуки во врска со правото на слободно движење, право што им претходеше на правата кои произлегуваат од европското државјанство. Во вториот дел од истражувањето фокусот е на одлуките донесени од страна на Судот по влегувањето во сила на Договорот од Мастрихт и спроведувањето на правата кои произлегуваат од европското државјанство. Неопходно е да се каже дека за прв пат во 1998 година, Судот донесе одлука врз основа на одредбите за државјанство на Унијата во случајот Мартинез Sala v. Freistaat Bayern. Со овој и други случаи кои се предмет на истражувањето авторот сака да докаже декаСудот на правдата на Европската Унија е на вистинскиот пат во однос на неговата политика со доделување на еднакви социјални права за сите граѓани на Европа да се постигне чувство на припадност, и тоа се потврдува и со последната анкета на Евробарометар, кога на прашањето: `` што мислите дека ќе придонесе за вашето чувство за европско граѓанство ``, високи 37% од испитаниците на прво место одговориле: воведување на единствен европски усогласен социјален систем во земјите-членки.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ЕВРОПСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО И СУДOT НА ПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА.docx
Description
ЕВРОПСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО И СУДOT НА ПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Size
46.42 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):7825e0c00458f6a508b8f5bd54baab59
