TESTAMENTI FACTIO ACTIVA ET PASSIVA ВО РИМСКОТО И СОВРЕМЕНОТО ПРАВО
Date Issued
2019-09-25
Author(s)
Есин Кранли Бајрам
Abstract
Имајќи го во предвид фактот дека предвидувањето на тестаментот како
основ за повикување на наследство датира речиси од самите почетоци на
пишаното римско право и дека дури и тогаш биле претпоставени некои
услови кои требало да бидат исполнети при неговото составување,
прашањето на полноважноста на тетаментот, кое меѓу другото ја
предвидува тестаменталната способност како еден од условите, заслужува
посебно внимание. Класичното римско право, поимот testamenti factio
го врзува за она што посткласичниот период го нарекува testamenti factio activa,
односно способноста субјектот да состави тестамент. Ваквото разликување, кое како
што споменавме, настанува во класичниот период, е резултат на употребата
на општиот поим testamenti factio и за означување на способноста на субјектот да биде именуван за наследник. Оттука, за дицтинкцијата да биде јасна, во посткласичниот период, поимот testamenti factio activa ја означувал способноста за субјектот да состави тестамент, додека testameti factio passiva способност да се биде тестаментален наследник.
Во таа смисла и нашиот законодавец низ неколку членови од Законот за
наследувањето јасно ги пропишува условите за полноважност на тестаментот. Сублимирано тоа е способноста на оставителот да состави тестамент( testamenti factio activa), свесната и слободна изјава на волја (animus testandi) и формата на тестаментот.
Овој труд се занимава со детална експликација на активната и пасивната
тестаментална способност, а со тоа и способноста на субјектот да се јави во
улога на тестатор или тестаментален наследник во римското и современото
право.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
FACULTY OF LAW STIP 2019.pdf
Description
TESTAMENTI FACTIO ACTIVA ET PASSIVA ВО РИМСКОТО И СОВРЕМЕНОТО ПРАВО
Size
9.98 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9e177376a34430cc34b57e294b8708af