Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Agricultural Sciences and Food
  3. Faculty of Agricultural Sciences and Food: PhD Theses
  4. КАРАКТЕРИЗАЦИЈА И УТВРДУВАЊЕ НА ГЕНЕТСКА ВАРИЈАБИЛНОСТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИ ЛОКАЛНИ ПОПУЛАЦИИ ВЕЗЕНА ПИПЕРКА
Details

КАРАКТЕРИЗАЦИЈА И УТВРДУВАЊЕ НА ГЕНЕТСКА ВАРИЈАБИЛНОСТ ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИ ЛОКАЛНИ ПОПУЛАЦИИ ВЕЗЕНА ПИПЕРКА

Date Issued
2026-03-24
Author(s)
Sandeva Atanasova Nadica
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
Abstract
Основните цели на ова истражување се преку фенотипска и генотипска карактеризација да се оцени диверзитетот на 189 генотипови македонска везена пиперка (Capsicum spp.), да се утврди влијанието на локацијата врз варијабилноста на морфолошките дескриптори, да се детектираат потенцијални дупликати и да се идентификуваат генотипови со приоритет за долгорочна конзервација и за интегрирање во идни селекциски програми, како и да се препорачаат генотипови соодветни за производство. Фенолошките, морфолошките и продуктивните својства беа оценувани во текот на вегетацијата на три локации и лабораториски по бербата, со примена на стандардизирани меѓународни дескриптори за Capsicum.
Фенотипската карактеризација потврди висока разновидност на квалитативните и квантитативните својства во колекцијата. Анализата на квантитативните параметри покажа статистички значајни ефекти на генотипот, локацијата и интеракцијата генотип × локација (p < 0,05). Деновите до никнување се издвоија како релативно стабилен дескриптор, додека деновите до цветање и плодоносење покажаа поголема варијабилност и потенцијал за селекција на раностасни генотипови. Својствата на плодот (должина, ширина, маса и дебелина на перикарп), како и должината на дршката, се потврдија како најинформативни за диференцијација на морфотипови, додека бројот на комори се потврди како претежно генотипски условен и релативно стабилен маркер. Бројот на плодови и приносот по растение се покажаа како директно зависни од условите на надворешната средина, што упатува дека препораките за производство и селекцијата треба да се темелат на стабилност во различни услови.
Корелациската анализа покажа дека приносот по растение е најсилно позитивно поврзан со масата на плодот, а потоа со ширината и должината на плодот и со бројот на плодови, при јасен компромис меѓу плодноста и големината/меснатоста на плодот. PCA анализата покажа дека првите четири компоненти објаснуваат 68,94 % од вкупната варијанса, при што најголем удел имаат својствата поврзани со големината на плодот и приносно - фенолошките карактеристики. Првата компонента (PC1; 33,5 %) ја дефинира морфолошката „оска на големина на плод“, додека втората компонента (PC2; 14,72 %) претставува приносно-фенолошка оска. Врз основа на фенотипската дистанца и UPGMA-кластеризацијата беа идентификувани 10 фенотипски кластери со различна внатрешна хомогеност, што е основа за избор на генотипови за конзервација и за селекциско планирање.
Генотипската карактеризација со 10 SSR-маркери потврди значаен генетски диверзитет и овозможи идентификација на тесно сродни генотипови/потенцијални дупликати и грубо структурирање на колекцијата. Анализата на генетската дистанца и PCoA укажаа на умерена потструктура со коегзистенција на многу блиски и екстремно дивергентни генотипови. Тестот Мантел покажа отсуство на значајна корелација меѓу фенотипската и генотипската матрица, што потврдува дека двата пристапа се комплементарни и неопходни за прецизно дефинирање на приоритети за конзервација и за валоризација на оваа автохтона гермплазма.
Subjects

Capsicum spp.

везена пиперка

генетски ресурси

фенотипска карактериз...

SSR-маркери

генетска дистанца

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Докторски труд_Надица Сандева Атанасова.pdf

Size

11.04 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):945e32edf50ed66bde52ebeb3880f194

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify