Мултикритериумски анализи за евалуација и критичка споредба на проекти од транспортна инфраструктура
Date Issued
2017
Author(s)
Ивона Недевска, Зоран Кракутовски, Златко зафировски, Слободан Огњеновиќ
Abstract
Во овој труд е прикажана методологијата за избор на траса во процесот на планирање и проектирање на железничка пруга која се темели на методата на мултикритериумско вреднување. Предложената методологија овозможува целосно и систематско решавање на проблемот, чиј краен резултат треба да биде предлог за најповолна траса во согласност со усвоените критериуми и реалните ограничувања. Развиената методологија е базирана на три различни методи за мултикритериумско одлучување, метода на пондерирани суми, Аналитички хиерархиски процес (АХП метода) и методата Викор, а нејзиното тестирање е извршено на пример за избор на едно варијантно решение од двете разгледувани траси за железничка пруга на делница од Коридор 10, од станицата во Драчево (Скопје) до станицата во Велес. Добиените резултати покажаа практична примена на оваа методологија.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
MASE 2017 Final 02.pdf
Size
1.15 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b9a9d63a88da47ba22920245f65a84a0
