Одржливи градови меѓу теоријата и практиката. Еколошки компоненти на урбаното планирање и развој на град Скопје
Date Issued
2019
Author(s)
Рустемоска, Емина
Abstract
Почетната намера на овој труд беше да се истражат прашања на урбаното планирање од еколошки аспект, но ставени во еден поширок контекст одприсутниот јавен дискурс на еколошките расправи. Имајќи ги предвид моменталните состојби на еколошки план во град Скопје, од една страна и практиките и теориските расправи за насоките на трансформации на градовите во одржливи градови, темата сама по себе произлезе како личен интерес за истражување, но и како актуелно општествено прашање. Комплексноста на прашањата за урбано планирање низ еколошка призма даваат можност за истражување на феноменот на екологијата и развојот на градот како функцискалнен систем. Градот, како една од највисоките форми на цивилизацијата, е во постојан процес на промени, во процес на реобмислување и изнаоѓање нови форми. Земајќи го предвид моментот во кој живееме, како ретко кога претходно, светската јавност и заедница се обединети околу прашањата за иднината на планетата и влијанието на човекот врз еко-системите. Неопходно е да се истражуваат овие прашања и во рамки на нашата земја, бидејќи градовите се носители на развојот и места во кои се случуваат речиси сите процеси кои директно влијаат врз промените врз еко-системите и просторот. Од голема важносте да се увиди кое е влијанието и кое е нивото на подготвеност на град Скопје да се разрешуваат еколошките проблеми и да се проектира идниот развој врз одржливи принципи, како и во која насока треба да се планираградот Скопје во иднина.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
erustemoska2019.pdf
Size
5.51 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):2bb1706e9f7f57581c574870e592e951
