Местото и улогата на недржавните актери во спроведување контрола на безбедносниот сектор на Република Македонија
Date Issued
2019
Author(s)
Јовановска, Ивана
Abstract
Истражувањето во магистерскиот труд со наслов „Местото и улогата на недржавните актери во спроведување контрола на безбедносниот сектор на Република Македонија“ е иницирано со цел да се согледа каква е улогата на невладиниот сектор во спроведувањето на контрола врз безбедносниот сектор во земјата, каква е улогата на медиумите во спроведувањето на контрола врз безбедносниот сектор, да се согледа каков е впечатокот од аспект на практичната примена на контролните механизми, притоа да се земат предвид практиките кои се изведуваат во другите држави, од аспект на вклучувањето на невладините организации и нивното влијание во процесот на донесување на одлуки кои се од безбедносна природа. Предметот на истражување во трудот, е насочен кон согледување на улогата и влијанието на недржавните актери во контролата на безбедносниот сектор и со тоа влијание да овозможи унапредување на безбедноста. Одговарајќи на претходно дадени научни прашања, се очекува да се дојде до заклучниот одговор за влијанието на невладините организации, односно недржавните актери во целина, при остварувањето на контролата во безбедносниот сектор и нивниот придонес во спречувањето на конфликтните ситуации и општото воспоставување на добро владеење. Добивањето на крајниот одговор, ќе даде основ за проценка на степенот на влијание на невладините организации, кој се очекува истите да го остварат во иднина. Трудот треба да даде одовор на прашањето, на кој начин невладините организации ќе го обезбедат своето влијание и како тоа ќе влијае врз градењето на безбедносната политика во државата.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
ijovanovska2019.pdf
Size
1.09 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):ae766582699dc9e26a6407d7570f4daa
