НЕВРОМАРКЕТИНГ И КОНЦЕПТОТ НА МУЛТИ-СЕТИЛНО БРЕНД ИСКУСТВО
Journal
Годишник при Економски факултет - Скопје
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Сетилата допринесуваат за создавање на искуство при селекција на брендови и влијаат на начинот на кој ќе ги перцепираме и запомниме бренд доживувањата. Сетилното брендирање ја зголемува видливоста и допадливоста на дадени брендови кои инкорпорирале мултисетилно доживување преку конзумирање на нивните производи.
Целта на овој труд е да се презентира важноста на мулти сензорното искуство во насока на подобрување на целокупното доживување на потрошувачите, како резултат на конзумирање на конкретен бренд, производ или искуство. Со оглед дека преку сетилните дразби се создаваат и соодветни емоции кои не можат да се измерат со традиционалните методи на истражување, во трудот се дава осврт на основните начела и методи на невромаркетингот. Со помош на невромаркетингот подобро се разбираат одговорите на потрошувачите во процесот на селекција на дадени брендови, производи и услуги

Subjects