Улогата на регулаторните институции во развојот на функционалната пазарна економија во Република Северна Македонија
Date Issued
2020
Author(s)
Abstract
Развојот на регулаторната институционална рамка во земјата ја претставува последната карика во процесот на трансформација на општествено-економскиот систем и изградбата на пазарната економија. Во првите години од транзицијата на општествено-економскиот систем во фокусот на реформите беше спроведувањето на приватизацијата и трансформацијата на јавната (државната) сопственост во приватна како и либерализацијата на трговијата. Се чинеше дека пазарот, преку ослободувањето од државата, либерализацијата на надворешната трговија ќе се создадат услови за слободно функционирање на пазарниот механизам, зголемената конкуренција ќе продуцира поквалитетна понуда на стоки и услуги, по економски прифатливи цени, понудени од страна на ефикасни и продуктивни фирми. Институционалниот развој на соодветни регулаторни тела беше речиси занемарен.
Со потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ (април 2001 година) и со нејзиното стапување на сила (април 2004 година), започна поинтензивен процес на развој на пазарните регулаторни институции. Но, и по одминати речиси две декади, перформансите на регулаторните институции и нивното влијание врз развојот на функционалната пазарна економија се далеку од перформансите што овие институции ги остваруваат во земјите од Европската унија.
Посебен фокус на анализа во овој труд се секторските регулаторни тела од областа на електронските комуникации, медиумските услуги, железничкиот и поштенскиот транспорт, енергетиката и работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во фокусот на анализата се поставува прашањето на независноста на овие институции анализирана преку петте димензии на независност (de-jure независност, транспарентност и отчетност, финансиска независност, независност на менџментот, кадровски капацитет) дефинирани согласно методологијата на OECD (2018).
Структурата на трудот е следна: Во првиот и вториот дел од трудот се анализира потребата од развој на функционални регулаторни институции, и се прави краток преглед на теоретските и емпириските сознанија за придобивките од имплементација на ефикасна и ефективна ex-ante и ex-post пазарна регулација, соодветно. Третиот дел од трудот е посветен на анализата на состојбите и проблемите во развојот на системот на ефикасна економска и пазарна регулација во македонската економија. Четвртиот дел ги сублимира заклучоците и препораките за идниот развој на регулаторните институци во земјата.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Trud za zbornikot Daniela Bojadjieva.docx
Size
395.09 KB
Format
Microsoft Word XML
Checksum
(MD5):026f37d0dccc8debb54016688d0cc5bc