Персонални карактеристики на вработените во вонинституционална и институционална заштита на деца со интелектуална попреченост
Date Issued
2018
Author(s)
Рамо Акѓун, Нергис
Abstract
Современите светски трендови во поглед на специјалната едукација и рехабилитација условија промени во системот на социјална заштита во Република Македонија.
Деинституционализацијата на лицата со интелектуална попреченост придонесе за развојот на нов тренд во третманот на лицата со интелектуална попреченост. Низа закони и подзаконски акти беа изменети во функција на подобрување на квалитетот на живот на лицата со инвалидност. Следејќи ги меѓународните искуства, но пред се, креирајќи свој-македонски модел на деинституционализација, Република Македонија придонесе за реорганизирање на институциите за социјална заштита и ги разви вонинституционалните форми на заштита. Најзабележителни резултати се постигнати токму во областа на деинституционализација на институциите кои згрижуваа лица со инвалидност.
Развојот на вонинституционалните форми на заштита е на добар пат, но потребни се многу заложби и финасии и од централната и од локалната власт за да бидат задоволни и децата, и родителите, но и вработените кои го покриваат третманот на децата со умерена и тешка интелектуална попреченост. Вложувањето во човечките ресурси значи поголема мотивација за работа и подобар квалитет на услугите.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Персонални карактеристики на вработените во вонинституционална и институционална заштита на деца со интелектуална попреченос.pdf
Size
1.49 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):a2e6ce03d7aa71a57e8db360244baf84