Културниот плурализам и инклузијата на студентите со попреченост во високото образование во Република Македонија
Date Issued
2019
Author(s)
Трипкова, Јана
Abstract
Длабоко сме навлезени во сферата на 21 век, век на големи промени во рамки на современите мултикултурни општества. Голем број на теоретичари сметаат дека современите светски процеси без разлика дали се однесуваат на релација на взаемна соработка или конфликт, не се резултат на економската состојба или надворешната политика во преден план, туку на културните одредници. Културата, културните разлики, културните идентитети и културните права се основата врз која се градат и осмислуваат човечките односи.
Како што истакнува Рејмонд Вилијамс, општествениот идентитет на поединецот е настанат под влијание на неговата разновидна интеракција со поблиското и подалечно социјално опкружување. Оттука и степенот на дискриминација, стереотипите, предрасудите кон различностите, но и мерките кои се преземаат за прифаќање и активно партиципирање во секојдневниот живот на лицата со попреченост во голема мера зависи од нивото на културната свест на државата, општеството. Сите развојни активности се одвиваат во одреден културен контекст, па оттука и попреченоста е дефинирана од страна на културата.
Поимите култура, плурализам, мултикултура, интеркултура, попреченост сами по себе, се широки и сложени. Културата е дефинирачка карактеристика за личниот идентитет и придонесува за формирање на сликата за себеси и за идентификација со другите. Целта на овој труд е подобро да се разбере улогата на културниот плурализам во формирањето на свеста за постоењето на различностите во доменот на високото образование и да се истакне потребата од воведување на различни дисциплини, како и теоретски, практични и емпириски пристапи.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
jtripkova2019.pdf
Size
3.02 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b15f524c9d61f4d847b2dbe4992e18fd