За неконзистентноста на инкриминациите за економските казнени дела
Date Issued
2017
Author(s)
Tupanceski, Nikola; Deanoska - Trendafilova, Aleksandra
Abstract
Економскиот криминал е еден од најсериозните облици во феноменологијата на криминалот во Република Македонија и тој има јасни карактеристики на организиран криминал, со мултидисцилинарна димензија. Имено, неговата теоретска елаборација, како и практичното постапување во функција на казненоправна репресија, нужно претпоставува анализа на пазарот и познавање на низа стопански и финансиски параметри.
Во врска со економските казнени дела, поточно во делот на нивното инкриминирање, една од тешкотиите во процесирањето на ваквите предмети е отсуството на прецизни дефиниции на централните поими на едно економско казнено дело, како и изедначувањето на поимите „службено лице“ и „одговорно лице“.
Друго проблематично подрачје е систематиката на економските инкриминации кои ги отсликува дисперзија во повеќе глави од КЗМ; дополнително бројката на економски инкриминации во вонкривичните прописи е доста висока, а најголемиот дел од нив се некомплементари со одредбите од КЗ;
Честите измени и дополнувања на КЗМ кои не ја одминаа и оваа сфера, за жал не ја следат доследно еволуцијата и воопшто случувањата во економските односи во нашата држава; критика заслужуваат низа постојни инкриминации кои најчесто не се ни применуваат, а КЗ последниве години беше „збогатен“ и со низа чудни решенија за нелогични и непознати дела во компаративното право.
Оттука, системот на економски инкриминации треба да биде предмет на сериозна ревизија, како впрочем и целиот Кривичен законик.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Deanoska Trendafilova, A. Za nekonzistentnosta na inkriminaciite za ekonomskite kazneni dela.pdf
Size
3.66 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):344cb52b3a2e57c9fd74eefc1fe77448