Анализа на современите тенденции и димензии на разузнавањето
Date Issued
2019
Author(s)
Ивановска, Силвана
Abstract
Магистерскиот труд во основа претставува истражување, насочено кон детектирање и анализирање на современите тенденции и димензии на разузнавањето, нивниот импакт врз националната безбедност и основните човекови права и слободи. Акцент е ставен на рапидниот подем на науката и техничко-технолошките достигнувања, нивната примена од страна на непријателските сили и разузнавачките служби, како и влијанието врз безбедноста на национално и меѓународно ниво.
Преку достапната стручна литература од домашни и странски автори, важечката легислатива, студија на случаи, натписи во реномирани светски медиуми, изјави на светските лидери и доменски експерти, како и заклучоци од безбедносни конференции и дипломатски самити - пристапено е кон анализа на современото разузнавање.
Главната хипотеза на магистерскиот труд е заснована врз становиштето на анализата на современите тенденции и димензии на разузнавањето придонесува за изградба на современа разузнавачка заедница со цел навремено детектирање, превенирање и елиминирање на заканите по националната и меѓународната безбедност.
Истражувањето е базирано на анализи карактеристични за современата разузнавачка практика во светски рамки, со посебен акцент на актуелните случувања во доменот на разузнавањето во Република Македонија и Соединетите Американски Држави, во периодот од 2001 година до 2019 година.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
sivanovska2019.pdf
Size
1.29 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):30148a7ca4df0343ab43ba48f80e3be1