Родителски стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование и функционалност на семејството
Journal
Списание за теорија и практика на образованието Просветно дело
Date Issued
2017
Author(s)
Милошевска, Соња
Abstract
Во овој труд се испитуваат разликите во родителските стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование, кои живеат во функционални, односно во дисфункционални семејства. Во истражувањето се опфатени вкупно 160 испитаници, на возраст од 25 до 40 години, од кои 80 живеат во функционални семејства, а 80 живеат во
дисфункционални семејства. Според степенот на образование, испитаниците се поделени на три групи - со завршено основно образование (N=33), со завршено средно образование (N=89) и со више и високо образование (N=38). Фокусот на мерењето е насочен кон авторитарниот, попустливиот, занемарувачкиот и авторитативниот родителски стил. Добиените резултати се во согласност со поголемиот број истражувања на оваа тема.
Имено, лицата со понизок степен на образование почесто ги практикуваат авторитарниот, попустливиот и занемарувачкиот родителски стил, во споредба со лицата со високо образование кај кои овие стилови се поретко застапени, а најчесто се практикнува авторитативниот (демократски) родителски стил. Исто така, родителите кои потекнуваат од функционални семејства значително повеќе го практикуваат авторитативниот
стил, во споредба со родителите од дисфункционалните семејства, кои почесто го практикуваат авторитарниот, односно попустливиот родителски стил.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Roditelski stilovi.pdf
Size
778.69 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):215fbdddb16a7e5a71112c8178069101