Aнализа на алтернатива за хидроенергетскиот систем на црна река со пумпноакумулациона хидроцентрала со примена на симулационен модел
Date Issued
2021
Author(s)
Ана Тодорова, Стевчо Митовски, Фросина Пановска, Љупчо Петковски
Abstract
Со оглед на ограниченоста на природните ресурси во Република Македонија, искористувањето на хидропотенцијалот е од витално значење за развој на електроенергетскиот сектор и за развој на државата во целост. Денес, со постојната изграденост на хидроенергетските капацитети, се користи само 26,6 % од потенцијалот што технички може да се искористи. Затоа развојот на каскаден хидроенергетски систем на Црна Река е важна инвестиција не само за националната економија, туку и за регионалниот пазар на електрична енергија. Врз основа на досегашните истражувања и препораки за натамошни студии, извршена е симулација со софтверскиот пакет HEC-ResSim за пумпноакумулационен каскаден систем составен од четири акумулации, висока брана „Чебрен“, 333 MW со реверзибилни единици со браната „Орлов Камен“, „Галиште“ 194 MW со конвенционални единици и постојната „Тиквеш“. Симулацијата е спроведена за период од 1946 до 2005 година, со претпоставка дека тоа хидролошко однесување би се пресликало и во наредните години.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
07 5 Kongres za brani2021.pdf
Size
4.82 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):cde4c9b5654053e10d45821d629090a6
