Руската литература на македонската балетска сцена
Journal
Славистички студии
Date Issued
2018
Author(s)
Здравкова-Џепароска Соња
DOI
ISSN
Abstract
Текстот има за цел да направи анализа на литературните текстови од руски писатели кои се транспонирани во балетски дела. Еден од главните рамки на истражувањето ќе биде фокусот кон македонската сцена односно ќе се врши анализа на репертоарот на единствениот професионален балетски ансамбл при Македонскиот народен театар (односно актуелно МОБ). Предизвик повеќе во однос на присуството на литературата на танцовата сцена е процесот на „преведување“ на лингвистичкиот во кинестетички медиум. Во изборот на кореогафите се застапени дела од руската класика – Толстој, Пушкин, но и дела од литературата за деца што говори за еден широк дијапазон на литературни видови, жанрови и стилстики. Поаѓајќи од потребата да се утврдат најзастапените литературни форми, анализата ќе биде насочена кон фиксирање на овие параметри, како и принципите на градење на танцовото дело. За успехот и одржливоста на овие дела не е пресуден квалитетот на литературното дело, туку способноста на кореографот и драматургот да успее да ја прилагоди фабулата кон потребата на сцената и да создаде сценски „читливо“ дело. Освен тоа голем удел има музичкиот пласт кој исто така придонесува за создавање на соодветна подлога во градење на сижето претставено движечки, танцово и преку живиот медиум на танчарот.
Subjects
