Јазичен диверзитет или асиметричен билингвизам: предизвиците на јазичката правда во Република Македонија
Date Issued
2019
Author(s)
Степановски, Марјан
Abstract
Поаѓајќи од претпоставката дека подобрувањето на квалитетот на општественото живеење е во позитивна корелација со степенот на усогласеност на јазичниот систем со универзално-прифатените начела на демократијата и човековите права, односно дека правичноста на овој систем претставува предуслов за еднакви и правични услови за сите граѓани подеднакво, оваа дисертација ја евалуира развојната компонента и одржливоста на политиките, наспроти предизвиците, кои ја регулираат и насочуваат јазичната правда во Република Македонија. Истовремено, дава одговор на тоа дали и до која мера системот на јазична правда во Република Македонија е во согласност со универзално прифатените начела на демократијата, човековите права и доброто владеење. Јазичната димензија на правдата, како клучен аспект на ова истражување, се надоврзува на начелата на доброто владеење, акцентирајќи го мултикултурализмот и диверзитетот, во поглед на подобрување на јавните политики, кои подразбираат приближување кон ЕУ, но и обезбедување одржлив и правичен модел во национални рамки, во духот на инклузивноста на идеолошките и идентитетските политики на дефинирани во клучни документи и инструменти за заштита на јазичните права. Преку клучните критериуми на диверзитетот се опишува и рамката која води кон јазичната правда, а произлегува од соодносот помеѓу промоцијата и соодветната заштита на јазичниот диверзитет наспроти мултилингвизмот, со што се евалуира и влијанието на јазичната правда врз мирот, стабилноста и доброто владеење во Република Македонија. Правдата како концепт, кој се базира на постулатите на етиката, рационалноста и пропишаните правила и норми, подразбира праведност и правичност во секој поглед. Оттука, потребна е соодветна рефлексија на овие базични постулати во мерките и активностите на јазичните политики, кои на правичен начин би ги признале и промовирале јазичните права на сите граѓани на Република Македонија, и би ја отсликале мултикултурноста и мултијазичната реалност на земјата во еден кохерентен јазичен систем, соодветен на унитарниот карактер на политичкиот систем, со јасни развојни цели и стратегија која пак позитивно ќе влијае врз развојната и интегративната перспектива на политичкиот систем.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
mstepanovski2019.pdf
Size
1.85 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):39568daddc0041216f701d5c969fb6ea
