Перцепции за бракот и разводот на младите во Република Северна Македонија
Date Issued
2023
Author(s)
Abstract
Во последниве неколку децении семејството е изложено на голем број влијанија кои произлегуваат како последица на процесите на индустријализација, урбанизација и на современиот начин на живот. Овие влијанија можат да се групираат во повеќе насоки и тоа како: плурализам и демократија на изборите, секуларизација и намалена религиозност, глобализација и надворешни влијанија, јакнење на феминизмот, консумеризам, морален вакуум и намалување на значењето на традицијата, влијание на социјалните медиуми и јакнење на мас-културата итн. Неизбежно е во вакви услови, семејството како заедница да претрпи значителни трансформации во однос на структурата, модели, улоги и функции на семејството кои генерално се оценуваат како негативни. Во литературата сè почесто е присутна дилемата „дали семејството се наоѓа во криза?“
Патријархалниот тип на семејството се трансформира и губи, особено во развиените и во урбаните средини. Сè потешко може да се дефинира современото семејство. Очигледно е дека се потребни повеќе дефиниции на „семејства“, кои го надминуваат сфаќањето за семејството како нуклеусна заедница на брачни партнери и нивните деца. Во прилог
на оваа дилема, може да се наведат редица статистички показатели за намалениот број бракови, зголемениот број разводи, намален наталитет, низок фертилитет, зголемен број на деца родени надвор од бракот итн.

File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
percepcii za brakot_pRINT.pdf
Size
1.07 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):fccece8480e1856eeaaa8b3fdf7ad3b1