Нов институционален пристап кон прогресивното оданочување
Journal
Macedonian political science E- Journal10:123-139
Date Issued
2022
Author(s)
Hristov, Dimitar
Abstract
Институциите имаат огромно влијание врз начинот на стопанисување, производството, и размената во современиот свет. Предмет на истражување во овој труд се економските институции, нивната еволуција, раст, како и нивното влијание врз економскиот живот во земјите ширум светот. Институциите, вклучувајќи ги и економските институции, се детално испитувани од страна на Новата институционална економија, една релативно нова економска доктрина, во чиј фокус се институциите како правила на игра кои го обликуваат човековото однесување. Во овој труд посебно внимание е посветено на даноците и нивната улога како економска институција, наспроти традиционалното разбирање на даноците како фискален инструмент и алатка на фискалната политика. Во текстото се идентификувани три канали преку кои прогресивните даночни модели влијаат и го обликиуваат човековото однесување: нивното влијание врз прераспределбата на доходот и намалување на нееднаквоста; влијанието врз јавните приходи, посебно приходите на централниот буџет и можноста да служат како коректив на нееднаквоста во доходната распределба која е директна последица на индиректните даноци.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Hristov i Sapkova.pdf
Size
1.18 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6f4ff81c76e8f6cfd2dde160670d5bae
