Феноменот на климатските промени како деструктор на животната средина и глобална безбедносна закана
Date Issued
2019
Author(s)
Бебиќ, Сузана
Abstract
Со истражувањето во магистерскиот труд направена е анализа на појавата на климатските промени, посочување на можните причинители за нејзино настанување како и импликациите на климатските промени врз човековото живеење, животна средина и глобалната безбедност. Исто така, посочени се и мерките и активностите кои ги превземаат надлежните институции за адаптација, ублажување и справување со истите. Согласно добиените резултати од спроведеното истражување се дојде до заклучокот дека на земјата и се заканува голема опасност од климатските промени и поради тоа неопходно е разумно користење на обновливите ресурси на енергија, сочувување на шумите, користење на хибридни и електрични возила и други алтернативни мерки, детално елаборирани во магистерскиот труд. Дополнително, од големо значење е имплементирањето на националните стратегии за соочувањето со климатските промени како и помагањето на големите сили во борбата за обезбедување на ресурси и капацитети за соочување со климатските промени во земјите во развој.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
sbebic2019.pdf
Size
1.43 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6046b86ca85ca8611a6ac29047bdda7e
