Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија
  4. Определувањето на религијата и дихотомијата свето-профано во теоријата на Емил Диркем
Details

Определувањето на религијата и дихотомијата свето-профано во теоријата на Емил Диркем

Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2013
Author(s)
Abstract
Во текстот се разгледува поставувањето на дихотомијата на светото и профаното како основа на религијата, а со тоа и на социјалното и културното организирање на примордијалниот (но и на модерниот) религиозен човек. Во својата теорија за предметот и суштината на религијата, Емил Диркем (Émile Durkheim) ги критикува мислењата дека религијата е резултат на индивидуалната зачуденост од мистериозноста на светот, како и оние според кои религијата е збир на верувања во божество. За Диркем, религијата е социјален, принуден феномен составен од верувања, митови и ритуали, а во основата на религиозниот живот е светото. Светото е секогаш во опозиција со несветото, со профаното. Меѓу категориите на светото и на профаното постои однос на инкомпатибилност, дури и на антагонизам, тие се потполно одделени и меѓу нив не постои контакт. А, сепак, комплексната дихотомија свето - профано како суштина на религијата, поради нивната дијалектичка спротивставеност, е можна само преку постојаното надминување на хетерогеноста во рамките на религиозниот култ, преку пролиферирањето на контагиозното свето во несветото; и преку системите на дозволи и забрани кои ги регулираат односите меѓу нив, заштитувајќи го светото од инфериорноста на профаното, а профаното од супериорната моќ на светото.
Subjects

религија, свето, проф...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

X. 01. Dihotomijata sveto profano kaj Dirkem_Zbornik FZF.pdf

Size

393.35 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):c1d34c6f9e09a9aca8cfbf6cbe7ae497

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify