Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни
Details

Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни

Date Issued
2018
Author(s)
Станкова, Тања
Abstract
Вовед: Лицата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) пројавуваат нарушувања во социјалната интеракција и тоа во области, како што се иницирање на социјални врски или одржување на блиски и реципрочни врски. Една од причините за нарушувања во социјалната комуникација и интеракција се токму тешкотиите при разбирање на мислите, верувањата, намерите, желбите, чувствата и мотивацијата на другите, како и разбирање на гледиштата на другите, наместо само сопствените. Токму оваа неспособност или тешкотии при сфаќање на горенаведените ментални состојби, како и способноста тие информации да се интерпретираат со цел да се разбере и предвиди однесувањето на другите лица се дефинира како Теорија на умот. Сексуалноста се состои од видови на однесување придружени со физички, емоционални и социјални интеракции и воедно претставува важен аспект од здравиот развој и процесот на прилагодување на личноста низ различните развојни фази во животот. Недостатокот на социјални вештини кај лицата со аутистичен спектар на нарушувања е особено воочлив токму во областа на сексуалноста и интимните врски. Во таа насока од есенцијално значење е изготвување на програма која ќе понуди информации за сексуалноста, согласно индивидуалните и специфични потреби и карактеристики на лицата со АСН. Социјалните приказни, дизајнирани од страна на Carol Gray, ги адресираат токму недостатоците на Теорија на умот, преку претставување на перспективите на мислите, емоциите и однесувањето на другите луѓе, со примена на едноставен јазик, поддржан со визуелни стимули изработени според индивидуалните способности и знаење на лицата со АСН.
Цел: Целта на оваа магистерска теза е да се изготват Социјални приказни, според критериумите на Carol Gray, за примена на сексуална едукација и следствено да се проценат ефектите од нивната примена при спроведување на сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања, односно да се утврди промената во знаењето и однесувањето на лицата со АСН во однос на сексуалноста.
Методи: Во истражувањето се користи квалитативен методолошки пристап. Во однос на техниките се користи техниката интервјуирање и набљудување. Инструменти во истражувањето се: протокол за интервјуирање на родители, протокол за набљудување при спроведување на сексуална едукација на лицата со АСН и инвентарен тест за испитување на знаењата од областа на сексуалноста, пред спроведување и по завршување на сексуалната едукација.
Резултати: Анализата покажува дека знаењата за сексуалноста кај испитаниците што учествуваа во сексуалната едукација, значително се подобриле меѓу првото и второто мерење. Најголеми промени беа забележани за темите кои ги обработуваат приватните и репродуктивните органи на телото; промените кои настануваат за време на пубертетот; идентификување на пријатни и непријатни допири; и сексуален однос и контрацепција.
Заклучок: Истражувањето посочува позитивни ефекти од спроведување на сексуална едукација врз знаења и однесувањето на лицата со АСН за сексуалноста, преку примена на техниката Социјални приказни. Соодветно изготвените Социјални приказни овозможуваат усвојување на нови и проширување на претходно стекнатите знаења за сексуалноста, што следствено влијае на квалитетот на живот на лицата со АСН, во насока на негово подобрување.
Subjects

сексуалност, сексуалн...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Магистерски труд Т.Станкова.pdf

Size

7.97 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):0f47a956aaf8a935a778ba6e1b956de6

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify