Специфичности во примената на наставните средства и специфични помагала во наставата за учениците со моторни нарушувања
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет/The Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje
Date Issued
2021
Author(s)
DOI
10.37510/godzbo2174625rc
Abstract
Иако за училиштето размислуваме како за статична институција, сепак образованието го доживува својот подем и се менува, вклучувајќи го и образованието на деца со попреченост.
Со донесување на Законот за образование во 2019 година, во Р Македонија
започнува процесот на потполна инклузија, што значи дека основното образование е институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој
поддржува вклучување на сите ученици во редовното основно образование.
По предлог на Бирото за развој на образованието, министерот за образование и наука утврди НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ за простор, опрема и
наставни средства за основно училиште во Република Северна Македонија. Иако
за учениците со ПОП е наведено дека ќе се користат специјализирани наставни
средства и учебни помагала како и асистивна технологија во зависност од индивидуалните можности, способности и потреби на ученикот со попреченост,
сепак опфатеноста во програмските документи е општа.
Оттука произлезе потребата од пишување на овој труд, да се допрецизираат специфичностите во користењето на наставните средства и помагала во
инклузивна училница. т.е. на кој начин наставните средства и учебни помагала
кои се предвидени за учениците со типичен развој ќе станат специјализирани, и
кои специфични наставни средства, посебни учебни помагала и асистивна технологија се потребни за ученикот со моторни нарушувања.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Rashikj Canevska О. Chichevska Jovanova, N. mk.pdf
Size
582.92 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):51f021d70f94e0a3aaaf19e76d744b40