Човечките ресурси и флуктуацијата на вработените во организациите
Date Issued
2019
Author(s)
Нешевска, Емилија
Abstract
Човечките ресурси се несомнено највредниот капитал и главен елемент на секоја организација, поради што во секое време се прават напори за нивно координирање, задржување, подобрување и развој, со цел ефикасно да се постигнат организациските цели.
Ова претставува тешка задача и предизвик за сите организации кои треба да имаат увид колку се мотивирани или задоволни нивните вработени за да постигнат добра работна стабилност. Затоа е важно вработените да имаат високо ниво на посветеност и задоволство за да одржат стабилност на работното место бидејќи тие добиваат приходи од продажба на произведеното и на тој начин се исполнуваат поставените цели од организацијата.
Кога се јавуваат проблеми во стабилноста на работата во рамките на организацијата што влијае врз работата на компанијата, неопходно е да се откријат внатрешните или надворешните причини кои довеле до прекумерна флуктуација на вработените која честопати е потценета од страна на организациите, а всушност претставува голема закана за продуктивноста и, следствено, за нивниот општ успех.
Па затоа, ова истражување ја покренува потребата да се истражи феноменот флуктуација на вработените на кој е изложена секоја организација и од фундаментално значење е да се дознаат повторливите причини кои го предизвикуваат овој феномен. Целта е да се предвидат или да се применат корективни мерки за нејзино рано решавање и со тоа да се постигне ефективност и ефикасност во извршување на целите на една производствена организација.
Методот на истражувањето е дескриптивен и каузален со помош на постапката ex-post facto, додека пак инструмент на истражување е четиристепена Ликертова скала со 25 прашања од затворен тип.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
eneshevska2019.pdf
Size
2.84 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):b0e78f5ddb86d510b382c812dda03521