Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Iustinianus Primus Faculty of Law
  3. Faculty of Law: Journal Articles
  4. Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета
Details

Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета

Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Петар Манговски, Том 55
Date Issued
2016
Author(s)
Дескоски Тони
Доковски Вангел
Abstract
Во оној момент кога вондоговорниот однос ќе ги надмине границите на една држава и истиот во себе ќе вклучи странски елемент, пред истиот да биде мериторно регулиран, потребно е да се определи меродавното материјално право според кое токму тој однос ќе биде мериторно регулиран.
За разлика од непосредниот метод кој се користи во облигационото право (како и во секоја друга гранка на внатрешното, супстанцијално право), според кој правата и обврските на страните веднаш се регулираат, при определувањето на меродавното право се користат специфични норми кои се познати под називот – колизиони норми. Токму колизионите норми се единствено карактеристични за меѓународното приватно право, како единствена гранка на позитивното право која за свој централен предмет на изучување го има определувањето на меродавното право (решавање на судирот на законите).
Во овој текст авторите вршат анализа на традиционалните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета преку давање на целосен преглед на основните начела на меѓународното приватно право: правната сигурност и најтесната врска. Основната хипотеза која ја испитуваат авторите е дека развојот на општествените односи влијае во промената на сфаќањата во делот на меѓународното приватно право со кој се регулира судирот на законите за самата цел и улога на точките на врзувањето. Исто така, авторите вршат и анализа на разликите помеѓу државите кои припаѓаат на европскиот континентален правен систем од една страна и државите со англосаксонска правна традиција, во однос на нивните сфаќања за основите на класичните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета.
Subjects

вондоговорна одговорн...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Традиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета.pdf

Size

2.68 MB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):1945d6bba1433f55f2d78971fa400ca6

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify