ИЗВРШУВАЊЕ НА УПРАВНО СУДСКИТЕ ПРЕСУДИ - НОВИНИ И ПРЕДИЗВИЦИ –
Date Issued
2019-09
Author(s)
Shumanovska-Spasovska Ivana
Abstract
Управно судската заштита не би ја остварила својата суштина доколку таа не се остварува на ефикасен и ефективен начин. Ефективноста ја согледуваме преку задолжителноста на судските пресуди спрема тужителот, тужениот, заинтересираните странки и судот. Тоа значи дека јавните органи се должни да постапуваат по напатствијата дадени во пресудите и истата да ја извршат во со закон предвидениот рок, а тоа согласно Законот за управни спорови е 30 дена. Но, во практиката на работењето на Управниот суд не ретко се случува јавните органи да не ја извршат пресудата што се огледа во Годишните извештаи за работење на Управниот суд, во делот што се однесува на заведени тужби заради неизвршување на управно-судската пресуда. Консеквентно на наведеното, предмет на анализа во овој труд ќе бидат прописите со кои се регулира оваа проблематика. При тоа, посебен акцент ќе биде ставен на Препораката на Комитетот на министри (Recommendation Rec(2003)16) која се однесува токму на извршувањето на административните и судските одлуки од областа на административното право.Посебен акцент во истражувањето се посветува на следниве прашања: кога една пресуда станува извршна, кои се правата и обврските за странките, врз основа на кои прописи се спроведува извршувањето и кои се санкциите од неизвршувањето на пресудите.Воедно, во трудот се анализира и досегашното искуство од работењето на Управниот суд во однос на извршувањето на пресудите, а се со цел да се посочат недоследностите на досегашното уредување на оваа прашање, кои пред се се надминуваа со примената на членот 53 од Законот за управни
спорови од 2006 година. Една од целите на истражувањето е и да се укаже и на новините кои се предвидени во Законот за управни спорови од 2019 година, а кои се однесуваат на можноста за изрекување на парична казна за овластено, односно одговорно лице во јавниот орган кое навреме нема да ја изврши пресудата. Сепак, останува предизвикот дали оваа одредба може да влијае на подигање на свеста кај јавните органи за значењето и улогата на ефикасната и ефективна правна заштита и почитувањето на судските одлуки. За да ја оствариме поставената цел во трудот ќе извршиме анализа на статистичките податоци од работењето на Управниот суд и ќе ги користиме позитивно правниот и компаративниот метод.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Objaven trud vo Stip 2019.pdf
Size
371.29 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):c84d188990d94972b36694004bfa4976