Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Перцепциите на организациска правда, степенот на образование и полот како предиктори на организациската приврзаност кај регрутери
Details

Перцепциите на организациска правда, степенот на образование и полот како предиктори на организациската приврзаност кај регрутери

Date Issued
2018
Author(s)
Јакимовски, Виктор
Abstract
Во овој труд се анализира и истражува организациската приврзаност и перцепциите за организациска правда кај регрутери. Врз основа на перцепциите на регрутерите за праведност при распределба на исходите (дистрибутивна правда), за праведност на процесот со кој е дојдено до конкретната распределба (процедурална правда) и врз основа на перцепциите за коректност и почит во интерперсоналните односи помеѓу регрутерите и нивниот/те менаџер/и (интеракциска правда), може да се предвиди дали регрутерите ќе имаат висок или низок степен на организациска приврзаност. Во теоретскиот дел на трудот даден е преглед на дел од стручната литература која го обработува прашањето за организациска приврзаност и организациска правда, како и некои релевантни емпириски истражувања за овие конструкти. Во истражувачкиот дел е презентирано спроведеното истражување. Истражувањето е направено на примерок од 100 регрутери (39 мажи и 61 жени), со просечна возраст од 31 год. и SD = 5,74. 65 од испитаниците се со завршени додипломски студии, а 35 со завршени постдипломски / магистерски студии. Предиктори од интерес на истражувањето се димензиите на организациска правда, а како релевантни варијабли земени се полот и степенот на образование. Организациската приврзаност е варијабла-критериум. За мерење на организациската приврзаност користен е прашалник од Mowday, Steers и Porter, 1979 - Organizational Commitment Questionnaire – OCQ, а за мерење на перцепции на организациска правда, прашалникот на Niehoff и Moorman, 1993 - Organizational justice perception Questionnaire. Истражувачката хипотеза е постулирана во насока на утврдување дали и кои од димензиите на организациската правда е подобар предиктор меѓусебно и во споредба со степенот на образование и полот. Со соодветна статистичка обработка, односно со бинарна логистичка хиерархиска регресија, резултатите покажаа дека перцепцијата за дистрибутивна и интеракциска правда се значајни предиктори на организациската приврзаност кај регрутерите, а диструбутивната правда објаснува најголем процент од варијансата во критериумот. Мажите е помалку веројатно дека ќе имаат висок степен на организациска приврзаност од жените, држејќи ги другите варијабли константни, додека степенот на образование не е значаен предиктор. Во делот со дискусија, образложена е теоретската и практична импликација на резултатите, со посебен акцент на културните разлики и компарација со претходни истражувања, ставајќи ги добиените наоди во поширок контекст.
Subjects

организациска приврза...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

МАГИСТЕРСКИ ТРУД -Виктор Јакимовски.pdf

Size

724.23 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):821271c296f221f734a21e111b3392c1

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify