Хибридни суштества и зли демони: вовед во месопотамските верувања во ’инкарнираното’ зло
Journal
Жива антика / Antiquité vivante
Date Issued
2021
Author(s)
Abstract
Целта на овој текст е да понуди прелиминарен терминолошки и концептуален вовед во, односно преглед на, основните елементи на месопотамските верувања во хибридните суштества и различните претставници на „инкарнираното“ зло, односно демоните кои се идентификувани, опишувани и изгонувани преку егзорцизам од Инкантациите против зли демони (Udug-hul или Utukku lemnutu инкантациите). Месопотамските религиозни пристапи кон нечовечките суштества се занемарена тема во локалното интелектуално милје, и затоа целта на текстот е само да воведе иницијални концепти од избраните книжевни и медицинско-магиски извори, но не и да навлезе во компаративна анализа на разновидните хибридни и/или зли суштества, ниту во интердисциплинарно истражување на формите, содржините и значењата на достапните извори во кои се споменуваат хибридите, чудовиштата и демоните. Трите групи (и типови) на суштества на кои им се обрнува внимание во текстот се таканаречените „Чудовишта“ од раскажувањата за космогонијата; разновидните хибриди од Визијата на Подземјето на асирскиот принц; и злите демонски дејствители идентификувани како закани, кои мора да бидат набркани преку строги егзор цистички ритуали од Инкантациите. Така, првин се разгледани Чу довиштата, групата на Четирите ветра, и космогониски релевантните Мудреци, натприродни хибриди, кои иако имаат доза на амбивалентност, никако не се демонски дејствители. Потоа, накратко е прикажан изгледот на Подземјето од Визијата, и хибридните суштества кои се мрачни и злокобни служители на Нергал, но не и демонски закани над земјата. Најголемо внимание е обрнато на различните демони од Инкантациите, при што може да се резимира дека, иако се знае за ужасот кој демоните го предизвикуваат (како вектори за болестите, и како зли причинители на енвиронментални, земјоделски, социјални и интерперсонални проблеми и страдања), како и за некои нивни атрибути (на дел од кои им се пристапува апофатички), поради нивната лиминална и скриена природа, тешко може да се утврди кои се нивните суштински карактеристики, та за тоа прегледот на демоните доминантно се однесува на нивните штетни и злокобни дејства, и нужноста од егзорцистичка исцелителска интервенција.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
04.35. hibridni sustestva i zli demoni voved vo mesopotamskite veruvanja vo inkarnirano zlo_Ziva Antika 71_2021_todorovska.pdf
Size
505.84 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):6120d1f323c0f7a7bb5de3bfa48725b9
