Причини за прифаќање на автономијата на волјата во меѓународното приватно право
Journal
Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Мидораг Мицајков, Том 58, 2019 година, стр. 277-297
Date Issued
2018
Author(s)
Дескоски Тони
Доковски Вангел
Abstract
Во овој текст авторите ги анализираат причините кои доведуваат до прифаќање на автономијата на волјата како точка на врзувањето во меѓународното приватно право. Авторите поаѓаат од пермисата дека слободата на договарањето во домашното право, претставува основа врз основа на која се појавува lex voluntatis во делот на меѓународното приватно право. Посебно внимание во овој текст е даден на класичното сфаќање за меѓународното приватно право и неговиот однос кон автономијата на волјата и појавата на новата, транснационална тероија за меѓународното приватно право. Според авторите секој правен систем во мноштвото на правни норми наоѓа место и за едно подрачје на кое има повеќе простор за индивидуалните активности. Тоа е доменот, барем во принцип, на иницијативата на странките и можноста за регулирање на нивните односи согласно изјавената волја, секако во граници на законски утврдените правила. Од тие причини, авторите сметаат дека постои и можност за теоретско објаснување на прифаќањето на автономијата на волјата согласно принципот на in dubio libertas. Со цел да се согледаат различните причини за прифаќањето и улогата на автономијата на волјата во меѓународното приватно право, во овој текст посебно се анализирани и причините за прифаќањето на автономијата на волјата кај различните видови на судири на законите (пред се судирот кај договорните и вондоговорните односи).
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Дескоски, Доковски, Годишник 58.pdf
Size
4.18 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):409e5e75809be4a2c6f807568e1fe3b6
