РЕФРАКТИВНИ ГРЕШКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ: ПРЕГЛЕД НА ЛИТЕРАТУРА
Journal
Medicus
Date Issued
2024
Author(s)
Ермира Татеши, Беким Татеши, Даниела Димитрова-Радојичиќ
Abstract
На глобално ниво, се проценува дека има 36 милиони луѓе кои се слепи, 216,6 милиони со умерено до тешко оштетување на видот и 188,5 милиони имаат мало оштетување на видот. Една од најчестите причини за оштетување на видот е некорегираната рефрактивна грешка. Истражувањата покажуваат дека приближно 2,3 милијарди луѓе во светот имаат рефрактивно оштетување, но само 1,8 милијарди луѓе имаат пристап до офталмолошки преглед и ефективен третман. Со цел да се анализира застапеноста на рефрактивните грешки кај децата на училишна возраст, во ова истражување беа формулирани следните истражувачки прашања: Каква е застапеноста на рефрактивните грешки, кои рефрактивни грешки се најзастапени и дали постои семејна историја кај децата со рефрактивни грешки? Рефрактивната грешка е важна причина за оштетување на видот и слепило ширум светот што може да се спречи. Во моментов, преваленцијата на миопија го привлекува светско внимание бидејќи многу студии известуваат за драматично зголемување во последните 20 години. Раното откривање и лекување на рефрактивните грешки е важно за да се спречи трајно оштетување на видот кај децата. Дијагнозата и третманот на овие грешки е релативно едноставна и е еден од најлесните начини за намалување на оштетениот вид.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
РЕФРАКТИВНИ ГРЕШКИ КАЈ ДЕЦАТА ОД УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ.pdf
Size
108.54 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):0ef439d85030ca926aa8e67afb6f82e3
