ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА ВО ОБЛАСТА НА БИОМЕДИЦИНСКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ (со посебен осврт врз прашањето за задолжителната вакцинација)
Journal
Macedonian Journal Of Criminal Law and Criminology
Date Issued
2019
Author(s)
Deanoska - Trendafilova, Aleksandra
Abstract
Апстракт
Во овој труд се елаборира прашањето за заштитата на децата во сферата на
биомедицината, кое е исклучително сензитивно прашање, а авторката го разгледува
од аспект на децата како пациенти, децата како субјекти на медицински
истражувања и децата „vis a vis“ профилактичките мерки, односно задолжителната
вакцинација. Притоа, во поглед на првите две прашања, се нагласува дека
македонското законодавство е прилично усогласено со меѓународните стандарди во
оваа област, но се чини дека македонските закони се пошироки и понекогаш, кога
станува збор за стандардите за заштита на децата, се предвидуваат основи и услови
што се на штета на детските права.
Во поглед на прашањето за вакцинацијата, авторката истакнува дека
поголемиот број развиени европски држави имаат системи на доброволна вакцинација
со целосно отсуство или мал број задолжителни вакцини. Во нашата држава,
вакцинацијата е задолжителна, а засилената репресија, набавката на одредени
вакцини по најниски цени, како и незадоволството и недовербата на граѓаните,
придонесуваат за зголемена активност за т.н. движења „про-избор“ („pro-choice“).
Авторката констатира дека законодавството е делумно во внатрешна колизија
и не е целосно усогласено со меѓународните стандарди во оваа сфера и тоа останува
да биде уште еден предизвик за нас во градењето солидно законодавство и добри
практики.

Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2019, MACLC, Deanoska - Trendafilova, deca, med.intervencii.pdf
Size
357.54 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):9a1ac7bbc933d79615a15607a65d6a1b