Морален развој, биоетика и нивната поврзаност при донесувањето морални одлуки во професиите насочени кон помагање
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Date Issued
2019
Author(s)
Abstract
Моралниот развој започнува рано во животот и бележи најзначаен напредок во детството и во адолесценцијата. Тој претставува важен домен на развојната психологија и психологијата на морал, а е во интеракција со други сродни научни дисциплини, како што е биоетиката. Биоетиката е посебно заинтересирана (но не ограничувајќи се) за моралните принципи и одлуки во контекст на медицинската пракса, политика и истражувања. Истражувањата покажуваат дека формалното и неформалното образование за биоетика се значајно поврзани со моралниот развој на децата и адолесцентите, бидејќи влијаат врз усвојувањето на моралните вредности, формирањето на идентитетот и системот на верувања, како и врз стимулирање на моралното расудување. Други примери може да се најдат во процесот на донесување морални одлуки кај професионалците од т.н. професии насочени кон помагање (пр. лекари, психолози, стоматолози итн.), каде што трансформацијата на морално расудување во морално однесување е секојдневно присутна. Се покажало дека апстрактното морално мислење не го објаснува најдобро моралното однесување на поединецот, поради што се разиени „посредните концепти“. Овој труд ја разгледува потребата од континуирано користење на знаењата од областа на моралниот развој и биоетиката, како и корисноста од нивната интеракција, со цел подобро да се разберат механизмите што лежат во процесот на донесување морални одлуки поврзани со реални морални дилеми.
Subjects
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
Moralen razvoj, bioetika.pdf
Size
279.07 KB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):bcd4a3036ec3e077e0756a732f13d0eb
