„Изработка на засеци при пробивање на патишта со примена на дупчечко -минерски работи“
Date Issued
2011
Author(s)
Дамбов Р., Мијоски Г., Каранакова-Стефановска Р.
Abstract
Во овој труд ќе бидат прикажани основни методи на минирање при пробивање на (еднострани и двострани) засеци и изработка на траси од сообраќајници во ридски терени со различни наклони.
При тоа, може да се користат различни методи на минирање. Ќе бидат прикажани неколку основни методи на минирање вклучувајќи ги пред се методите на контурни минирања.
Со примена на овие методи, се добиваат стабилни косини на изработените засеци, минимални (или воопшто не постојат) оштетувања на останатиот дел од цврстиот карпест масив.
Значајно е да се потенцира дека со стабилни и недеформирани косини на засеците, се избегнуваат дополнителните работи на санација и заштита на косините од одрони на самата изработена сообраќајница.
Одтаму цениме дека овој труд, ќе има свој практичен придонес за намалување на трошоците при изградба на патиштата, како и на патиштата во експлоатација, а уште позначајно е што ќе придонесе и за зголемена безбедност на патниот сообраќај, поради елиминирање на одроните

Subjects