Repository logo
Communities & Collections
Research Outputs
Fundings & Projects
People
Statistics
User Manual
Have you forgotten your password?
  1. Home
  2. Faculty of Philosophy
  3. Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези
  4. Бариери со кои се соочуваат младите лица со инвалидност при секојдневниот живот во Република Македонија
Details

Бариери со кои се соочуваат младите лица со инвалидност при секојдневниот живот во Република Македонија

Date Issued
2012
Author(s)
Цакиќ, Марија
Abstract
Вовед: Високиот степен на предрасуди, архитектонски бариери, индиферентниот однос, ограничената можност за вработување, социјалното исклучување во секојдневниот живот, ги прави младите лица со инвалидност невидливи граѓани во нашето општество. Негативните ставови кон различноста и состојбата на инвалидноста, изразени од страна на заедницата, содржат елементи на отворена дискриминација и маргинализација кон лицата со инвалидност.
Цел: Целта на нашето истражување е да се претстават бариерите со кои секојдневно се соочуваат младите лица со инвалидност во Република Македонија и да се спореди нивото на проблемите во однос на хронолошката возраст, полот, категоријата на инвалидноста и етничката припадност.
Методи: Во истражувањето е опфатен примерок од 70 млади лица со инвалидност, 31 родител на деца со инвалидност и 31 лице од општата популација во Република Македонија. Користен е методот на дескриптивна анализа, компаративна анализа и анализа на документацијата. Податоците беа обработени со стандардна статистичка програма SPSS for Windows XP, со примена на X 2 test i R x C табели на контингенција. За статистички значајна разлика ја сметавме разликата на ниво на значајност од p<0,05.
Резултати: Анализата на добиените резултати ни покажа дека младите лица со инвалидност секојдневно наидуваат на одредени бариери. Најголем дел се соочуваат со бариери при вработувањето (83% од испитаниците на возрасна група од 18 до 30 години); 97% наидуваат на тешкотии при создавањето брачен статус. Кај возрасната група од 14 до 18 години, најголем процент бариери се при посетите на јавни места (100%). Констатиравме дека не постои статистички значајна разлика кај испитаниците во однос на нивниот пол. Кај општата популација, 58% од испитаниците не се запознаени со правата на лицата со инвалидност.
Заклучок: Од овој труд можеме да заклучиме дека младите лица со инвалидност во Република Македонија се соочуваат со многу бариери при партиципација во општествената средина. Тие во голема мера наидуваат на бариери при вработувањето, наидуваат на несоодветни образовни можности, бариери при посетите на јавните установи, комуникацијата и многу други бариери при активното учество во општеството. Овие бариери придонесуваат за големи недостатоци кај лицата со инвалидност. Партиципацијата на младите лица со инвалидност на кое било поле од секојдневниот живот е во многу мала мера.
Исто така, констатиравме дека е неопходно да се спроведе едукација на пошироката јавност за правата и можностите на лицата со инвалидност.
Subjects

млади лица со инвалид...

File(s)
Loading...
Thumbnail Image
Name

Marija Cakic-magisterski trud.pdf

Size

897.71 KB

Format

Adobe PDF

Checksum

(MD5):3fb42d754b13af1993f09703a7dabe71

⠀

Built with DSpace-CRIS software - Extension maintained and optimized by 4Science

  • Accessibility settings
  • Privacy policy
  • End User Agreement
  • Send Feedback
Repository logo COAR Notify