За трговијата и војната: Македонија и Атина под товарот на заемната зависност
Journal
Годишен зборник на Филозофскиот факултет / Annuaire de la Faculté de Philosophie
Date Issued
2004
Author(s)
Abstract
Целта на овој труд е да ги испита и дефинира од економски аспект најраните меѓусебни односи меѓу македонското кралство и атинскиот полис. Веројатно уште од VI век ст.е, во обостран економски интерес, Атина и Македонија почнале да тргуваат со дрвна граѓа, воспоставајќи определен степен на заемна економска зависност. Ваквата заемна зависност можела да биде подлога на стабилна и пријателска политичка врска, но, од друга страна, и да предизвика нетрпеливост, дури и војна. Односите на Македонија и Атина не можат да се објаснат со широко прифатените теории на т.н. либерали и реалисти за меѓусебната условеност на трговската размена и војната; анализата на собитијата од V век ст.е. покажува дека односите на Македонија и Атина во првата половина на V век ст.е. соодветствуваат единствено со определниците на т.н. „теорија за идни очекувања”, поставена за прв пат од Копланд (D. Copeland) во 1996.
File(s)![Thumbnail Image]()
Loading...
Name
2004 Za trgovijata i vojnata.pdf
Size
1.07 MB
Format
Adobe PDF
Checksum
(MD5):34fadbb20813ba26cba8ccc838e831eb
